Замисленост,потреба за промена и расфрлани мисли,како и краток фитил во комуникацијата.Премногу ке сме напнати и во јајцето ке бараме влакно,намалена енергија и нема јасно да ги согледуваме ситуациите.Тешко ке носиме правилни и рационални одлуки.

Како денот да работи за нас а не против нас?

Безусловна љубов,челична воља,барање на добри нешта во се околу нас.Фокусот да ни биде свртен кон себе и во секој момент да сме свесни како делуваме што размислуваме и со кого рзговараме.Тоналитетот на гласот ке биде од големо значење да не излеземе од сопствена свера на мир,а со тоа и другите спроти нас ке бидат хармонични во мир со нас.

Месечината во Риба секогаш дава нејасни мисли,матен фокус а денес е во секстил со Меркур кој е задолжен за нашите мисли,идеи,комуникација,па ке даде повеке идеи и зборови од што е потребно во даден момент,но Месечината е во квадрат со Марс па тие зборови и моменти на непотребно докажување кон нешто или некого ке не извадат од зоната на конфорот.

Најтешката работа во животот не е да војуваме или да работиме некоја физичка тешка работа.Најтешката работа во животот е да се победиме себеси,да свесно делуваме и кога сме најмногу притиснати и кога најмалку во себе осекаме дека нашиот фокус е свртен кон нас да се победиме себеси и да издејствуваме сопствена победа против себе.Секогаш добрите мисли и добрите дела го победуваат лошто.

ОД НАС ЗАВИСИ КАКО КЕ ДЕЛУВАМЕ