Полна Месечина на оската Стрелец&Близнаци на 16 степен кој е еквивалентен на Рак.Втора декада на променливи знаци (Близнаци,Девица,Стрелец и Риба) се активирани да земат длабоко здив како што универзумот го зема најдлабокиот здив во фаза на Полна Месечина. Се припрема за нешто големо,за случки кој ке бидат светски гласни и ке не воведат во јасен видик на околните ситуации околу нас,за случувањата кој се случуваат и со магливи очила ни нудат идеи кој ние не ги гледаме јасно,но така треба,така налага системот. Нема повеке,се крева маглата од нашиот видик кој ни ги замаглуваше нашите мисли,и невозможност да согледаме што е тоа што всушност не кочи.Марс ја бои оваа Полна Месечина. Има Марсовски карактер а со тоа и во моменти брзи и импулсивни движења и реакции кој до сега сме ги држеле во себе како невозможни. Нема невозможно за Марс,тој е спремен за акција,за чекор напред,иако е ретрограден тој делува со тоа што се спрема тивко и во себе крои план и својата реализација ке ја покаже кога ке појде директен. Да, Лунацијата која ја представуваат Меркур и Јупитер,се со Марсовски бои,а универзумот работи совршено и Марс е во Лунацијата во коњункција со Месечината и опозиција со Сонцето. Младите,енергични и храбри ке делуваат во мали групи и своите идеи и младински права ке ги покажат во своите родни места. Секаде во Македонија каде Младинските клубови се во затишје сега добиваат на сила и започнуваат свое самостојно делување. Младима свет остаје што велат нашите соседи Срби. Нешто се доведува пред крај на некои авторитетни дела,личности кој се доста гласни и светски познати,но е почетокот на крајот за нив. Јупитер на последниот степен во зодијакот им најавува крај на империско и децениско владеење. Кога Плутон во Март ке влезе во Водолија веке нема каде да се кријат и поткупуваат. Полна Месечина сега ни најавува почеток на олеснителните околности и спречување на манипулација,корупција и неправилности во јавниот сектор.

На 8 Декември во утринските часови е Полна Месечина а е поврзана со Млада Месечина која ке се случи во Март кога и започнува нова астролошка година.

А што ни останува нам, да согледаме и балансираме во нашиот живот.Бидејки е индивидуално за секого и кај секого делува според личната поставеност во Наталната Карта,но оние со планети во втора декада во воздушни знаци (Близнаци,Вага и Водолија) можат да очекуваат промени во домот, реновирање,или пак нешто што ке ги раздвижи од комшии каде ке има бучава и ке се во движење,разиграни и со лесни чекори ке ги извршуваат своите скојдневни обврски.Во втора декада огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) можат да очекуваат некои договори,случки кој ке ги натераат во позитивна смисла да се активираат самостојно на семејните врски и обврски и поширокото семејство,но и добри односи со малите жители во околината.Земјаните знаци (Бик,Девица и Јарец) ке бидат поштедени од лунацијата,кај нив нема да има некои посебни случувања.

И како што се е совршено и правилно замислено од универзумот и овој пат не наведува на нешта кој се поврзани со одлуки и договори а за нас важни кој може да го сменат правецот на животот во друга насока.

Да бидеме храбри како што сака Марс од нас, да бидеме одлучни како што ни налага Сатурн и да имаме вера во невозможното како што Јупитер ни вели од својот последен степен и вели да поверуваме во себе и своите дела и одлуки. Светот е убаво место доколу во себе го разбудиме совршениот унивезум кој потсвесно живее,а ние свесно го потиснуваме.