Млада Месечина во Стрелец ни дава знак дека веке сме спремни да чекориме напред после Еклипсите кој ни се случија минатата Лунација.Сега сме ослободени да можеме да започнуваме идеи и нови подвизи кој би не одвеле во за нас подобро утре.Мапата која ја представува Лунацијата е на степен каде во астрологијата се нарекува генијален степен,а Младата Месечина на 1 степен Стрелец кој ни означува почетоци и визии.Не повикува да се отвориме и ја одслушнеме својата интуиција,своите визии,нашата комуникација со своето повисоко јас,кои ни ги спушта генијалните идеи и потреби за нас поволни.

Како да сето ова го спуштиме во секојдневието,како да знаеме што е вистинското?

Едноставно,Јупитер за неполни 100 секунди поага директно на 28 степен Риба кој е представник на Лунацијата и во себе ја носи генијалноста која ние ке ја чувствуваме како нешто невозможно дури и ке се чувствуваме беспомошни и заглавени во некој лавиринт.

Одслушни ги гласовите во својата душа кој те носат кон вистинскиот одговор,послушај го срцето кое со своите отчукувања ке даде потврда,послушај го совето тело кое ке носи некои вибрации и ке ти даде потврда дека си на вистинскиот пат.Нашето тело,нашата душа се мапа на нашата Натална Карта и кога свесно ке воспоставиме контакт со себе,и се договориме со себе дека се работи во наша полза,нашето срце ке каже ВО РЕД СЕ СЛУЧУВА.Договорот на нашето срце и нашата душа со нашето тело се порталот кој се отвора оваа Лунација подржана од Сонцето и Месечина заедно со Јупитер.

СОНЦЕТО Е НАШИОТ ТАТКО,МЕСЕЧИНАТА Е НАШАТА МАЈКА А ЈУПИТЕР Е НАШИОТ СЕВИШЕН БОГ.(Јупитер е бог на небото)

СРЦЕТО Е НАШИОТ ТАТКО,ДУШАТА Е НАШАТА МАЈКА А ТЕЛОТО Е ХРАМОТ КОЈ ЈА ОДРЖУВАМЕ ВОЉАТА.

Бидејки и Венера и Меркур се во Стрелец а нивната коњункција се случи на степен каде означува потреба на партнерски односи,сега Марс кој е ретрограден во Близнаци и се спојува во бакнеж преку визија (замислена енергија која бара да излезе),ке не посоветува да се спуштиме во нашето битие,нашата душа и да веруваме на нашата интуиција.Универзумот ни порачува дека од 23.11.2022 до 08.12 2022 год ни е од помош и унверзумот ни ги нуди своите возвишени пораки,ние треба само да одслушнеме и делуваме.

АФИРМАЦИЈА ЗА МЛАДА МЕСЕЧИНА

СЕ ОТВОРАМ ЗА ПОЗИТИВНИ ВИБРАЦИИ КОЈ РАБОТАТ ЗА МОЕ ДОБРО

МОИТЕ ВИЗИИ СЕ ВИСТИНСКИ И ПОДРЖАН/НА СУМ ОД ЦЕЛИОТ УНИВЕРЗУМ

СЕ ШТО САКАМ ЈАС МЕ САКА И МЕНЕ