Јупитер е планетата на ширење и ослободување, мудрец кој со своите потреби нè води до местото каде што повторно ќе го доживееме она што ѝ недостига на душата низ други димензии на универзумот. Сатурн е патник низ времето кој нè носи во далечни или блиски патувања во спиралата на времето и заедно со Јупитер не водат и не учат низ вечноста да ги научиме нашите лекции, да се развиваме и да ја постигнеме нашата мисија низ животот. Таквата приказна која патува низ времето ме инспирираше да истражам од каде започнале, каде ги носи времето, но и колку нивната врска може да еволуира во спиралата на времето.

Станува збор за љубовен пар кој ја имал својата приказна во овој живот кога биле млади, а траела дури половина циклус на Сатурн или 14 години а нивната средба како и нивната врска започнала во времето кога започнала војната во нивната земја. Нивниот однос имал осцилации и нивната земја доаѓала до точка што кога ќе се случи нешто што не можеа или не знаеја како да го решат, да има неодлучност во државата, потпишување договори и закони, па поништување, до моментот кога дошло до напад на прецедателот во обид за убиство.Во Кармичко-Реинкарнациската Астрологија е јасно пишано правило кога ке се сретнат души кој се во облик на Сродни или Близначки души се случуваат и промени на ниво на држава. Врските карактеризирани како SOUL MATE I TWIN FLAMES делуваат на мундано ниво. Тоа тие не го знаеле, ја живееле својата забранета љубов, но описот и приказната што ги воделе двајцата, како и временските периоди во кои се случувало се, ме наведе да ги истражувам тие периоди и само уште еднаш ми потврди дека нивната врска го вклучува и мунданите случувања, дека тие се многу подлабока приказна која живее во различни спирали во Наталната Карта, не само во нултата спирала.

Сепак, решив дека во истражувањето и анализата да се држам само до нултата спирала на Наталната Карта која дава резултати.

Љубовта е двигател на животот и виталната енергија. Страста за животот што ја носиме во секој нареден живот е сведена на емоции и спомени кои се прана кои нè влечат да го преживееме она што душата го памети или да ги исправиме спомените што ја вовлекуваат душата назад во некаква врска. Нишката која влече и на прв поглед во Наталната потекнува од истиот владетел на 12-та и 1-та куќа и Венера е во аспект со владетелот на 12 и 1 поле. Минатиот и сегашниот живот се испреплетени од двата агли, (Наличје и Лице) така што Натусот дејствувал преку љубов но и доживеал љубовни проблеми кои одат во 3 минати животи.Но по ред.Нептун на асцендентот е последната планета со која Месечината направила коњункција. Зошто трансцендентна и далечна планета се наога на асцендентот и раскажува приказна од аголот на лицето од пред 3 животи? Што му носи на овој живот како приказна што може да биде од минатото или од пред 3 предходни животи? Натусот во овој живот има Бик на врвот од 5 поле и Хирон на врвот, Меркур во Бик на Алгол-Фиксна ѕвезда. Љубовта во средношколските денови што ја сака за брачен партнер. Меркур е владетел на 7 поле но во квадрат со Сатурн, па веќе е сигурно дека ќе има проблеми во љубовната врска како и во бракот. Имаме љубовна врска која треба да прерасне во брачна врска, но квадратот со владетелот на 4 поле, кој е основач на домот, вели дека не може.Не може поради различен статус, Меркур квадрат Сатурн, не може поради различно семејство, Меркур во квадрат со Марс, не може поради имотот и социјалниот статус, поради друштвениот статус. Но, Меркур по диспозиција е во аспект со владетелот на асцендентот, кој е самиот натус во Рак. Венера е плодност и таа е во знак кој ја претставува плодноста, па можеме да
кажеме дека натусот лесно останува во блажена состојба и лесно може да биде трудна девојка.
Но што друго укажува на потеклото на љубовните врски?
Квадратот на владетелот од 5 поле Венера со Плутон и тригон со Уран, конјукција Јупитер.Ова е исто така слободна страсна врска која има свое семејство, но нема сопствен дом. Венера и Јупитер се во квадрат со оската на јазлите и можат да донесат кармичка љубовна приказна.
Но, што живее во владетелот на 5 поле, каква љубовна приказна има?

Асцендентот во Риби и јужниот јазол на асцендентот ја носи долготрајната љубов што ја носи натусот. Венера го носи споменот на човек кој е образован, интелигентен, горд, комуникативен, страстен, необичен, интимен, таинствен. Шесто поле или последен животен партнер, но и партнер кој го памети како вреден и одговорен и поврзан со јавноста во неговата служба. Ова многу лесно би можело да биде адвокат кој го запознава Натусот на работа и нивната врска прераснува во љубовна врска. Сонцето како диспозитор на владетелот на асцендентот оди во 5 поле во Рак и во аспект со Венера. Сонцето е во квадрат со Месечината, така што ова може да биде врска која создава семејство, но квадратот дава проблеми кои можат да се создадат. Венера е владетел на 8 и 3 поле, па тајните, страста, комуникацијата или состаноците се тајните. Јупитер и Венера во Наталната Карта се во аспект и формираат квадрат со оската на јазлите, а во Венерина Персона со јазлите живее поврзување со оската ASC/DSC и Сатурн на врвот на 7-та куќа во аспект со Северниот јазол во Девица. Партнерот на Натусот во изминатиот живот бил постар или обичен просечен човек кој ја работи својата професија во канцеларија за друг, може да биде народен адвокат во адвокатската комора кој има претпоставени, а работи за плата.

Наталната карта дава информации дека оваа љубов датира од 3 животи наназад.Венера е владетел на 10 поле додека Јупитер е владетел на 3 поле и тие прават јамка за 3 животи назад. Дали третото враќање на Венера ја раскажува истата приказна?

Стрелец на асцендент и Јупитер во 9 поле во аспект со Сатурн во Вага.Јавен правобранител за односи и јавноста. Квадрат со Меркур владетелот на 7 поле дава проблем во врските и таа е во тајна врска со адвокат кој најверојатно веќе бил во брак или е во врска со разведен маж. Сега добивме слика од човекот кој Венера го памети Партнерот кој го сака и се чувствува како неговата сопруга а тој веќе е оженет, адвокат кој работи во канцеларија во служба на народот и јавноста.

Третата планета која ја има последната конјукција со Месечината е Плутон во 10 поле, или приказна од агол на три предходни животи назад.

Плутон е во Вага, владетелот на 11 поле и формира квадрат со нејзиниот диспозитор и Јупитер, кои се во 10 поле од 10. Овде Плутон носи статус кој е болен, кој ја носи моќта на љубовта, но и аристократски семејство, а натусот е женски пол (Венера во Рак). Секстил Плутон со Нептун во 3 поле од 10, дава некои тајни или нејасни околности кои се непознати за натусот.

Третата планета која гради аспект со Месечината, која го опишува третиот живот наназад, ни дава информација дека Скорпијата е на асцендент, а Плутон ја потврдува моќта и социјалниот статус, спојот на Месечината, па мајката е доминантна, која може да има проблеми со своите намери и цели.

Венера е на 29-ти Рак во 9 поле и нагласува некаков крај или проблеми кои натусот може да ги доживее во физиологијата или тајни што натусот нема да ги знае. Опишува моменти од животот на Натусот кои сите ќе бидат поврзани со љубовните врски, опасности бидејќи е во 8 поле, но и некој лажен морал кој може да го одведе Натусот во бездна.Марс е владетел на асцендентот, а на 0 Девица во 10 поле дава некој начин на услуга или некој почеток во кој натусот е во ситуација кога мора да слуша и да служи. Ако ја поврземе митолошката приказна од Девица каде една девојка е повредена поради загубата на нејзиниот татко кој бил убиен од луѓе поради недоразбирање, овој Марс може да зборува за некоја семејна приказна каде се доживува некое недоразбирање и девојката е во ситуација да плаќа за статусот на своето семејство.Досега знаеме дека Натусот е женско во третиот минат живот и дека живее во моќно аристократско семејство, каде мајката е доминантна и дека за поголемиот дел од нејзиниот живот мајката носи одлуки за неа.

Еве уште една потврда каде е во прашање некаков семеен статус што ги поврзува околностите поради амбиција или на некој начин дел од тоа е и братот или сестрата.

Со цел да добијам повеќе информации за тоа што се случило пред 3 животи, ќе ја отворам 3 ГОД.

Асцендентот е во Вага на наталниот северен јазол и Сатурн на асцендентниот квадрат Меркур на врвот на 10 поле во Рак. Сатурн е владетел на 4 и 5 поле, а Меркур е во вметнато 9 поле, што може да даде напредок на натусот и љубовна приказна со разведен маж. Деветтото поле опишува втор брак но овде го опишува партнерот на натусот кој веќе бил оженет. Семејните проблеми како и статусот на семејството поради социјалната положба натусот ги плака како и нејзиниот љубовен живот. Венера во Близнаци опишува двојност, како и заљубување во оженет маж. Сонцето во Близнаци од 12 поле дава тајна љубов или тајна врска со оженет маж. Највпечатлив дел е дека Венера, владетелот на асцендентот, се наоѓа токму на Меркур од Месечевата Персона на Плутон, која ги опишува истите приказни од третиот минат живот и го претставува натусот. А 10 и 7 поле го носат сеќавањето на брачниот статус во проблем и егзактната опозиција на
Уран владетелот на 5 поле памети љубов која е забранета, тајна, необична и го оневозможува бракот со Натусот со нејзиниот љубовен партнер. А 10 поле ја претставува нејзината мајка, така што постои голема веројатност дека токму мајката го спречува љубовниот и брачниот однос на натусот. Јужниот јазол во 3 поле од агол на партнерските односи во Наталната Карта останала незадоволена, а Јупитер, владетелот на асцендентот, во врска со Венера, владетелот на 5 поле (тековна љубов) и 10 поле  (претставник на 3 претходни животи) со 3 орбис, што повторно опишува дека се случува важна приказна 3 живот наназад. Јупитер е владетел на 3 поле, во квадрат со Јужниот јазол во 3 поле. Се води кон важна приказна од аголот на третиот живот, кој се доживува и во овој живот.

Партнерот на Натусот е Стрелец на Асцендент и во тригон Јупитер и Венера. Врвот на 5 поле е во 0 Бик. Венера е во 10 поле во аспект со Плутон 3 орбис, квадрат со Месечината.

Натусот носи некоја љубовна приказна која му предизвикува болни спомени и повреди. И тука гледаме дека 3 животи во минатото се активни и дека тогаш нешто се случило.

Што носи неговата Венера од третиот претходен живот и какви сеќавања живеат?

Лавот на асцендент опишува важна личност, но Сонцето во Девица во 2 поле дава личност која служи на нешто или некого. На 14 степени и 2 поле, би рекла дека натусот и служи на својата амбиција и желба да биде ценет и познат во околината. Преку диспозицијата Меркур оди во спој со Марс и Венера.Растргнат од времето помеѓу љубовта и професијата. Тригон Меркур/Венера/Марс со Јупитер владетел на 5 поле на 0 Близнаци на врвот на 11 поле дава можност на љубовен однос од различен слој на општеството. Различните околности и статус со љубовен партнер наметнуваат невозможна и тешка мисија
за натусот да биде поодговорен, стабилен, но и познат по својата професија.

Во својата натална карта три животи наназад, ја опишува 10 поле, а владетелот е Венера, и раскажува приказна за љубовта, која за него била на друг статус,повисок статус од колку тој што се наога, но љубовта го води и сака да биде во позиција на позната личност за да може да биде рамен со својата девојка. Плутон во врска со Венера носи товари и проблеми за него што тешко се совладува. Квадратот со Месечината и Сатурн е само уште поголем проблем што го оневозможува Натусот да напредува во својата професија во јавна служба каде што е одговорен за семејните работи за кои е задолжен.

Кога ќе го отворам ГОД 3 за третиот претходен живот?

Девица на асцендент и Меркур речиси на степенот на падот на Венера во врска со Марс. Машка инкарнација која има проблеми во љубовните врски. Падот на вредностите и неговата мисија. Натусот служи во државните и јавните институции како службеник или млад правник кој нема искуство или е слабо ценет во својата професија. Меркур е во свое седиште, а Натусот тешко ќе напредува во животот, бидејќи го привлекуваат материјалните вредности и гордоста и егото, а Венера во Девица, владетелот на 2 и 9 поле, ќе го доведе Натусот до нереални ангажмани.Венера квадрат Нептун, владетел на 7 поле во 3 поле Натусот ќе му даде околности и ситуации со кои не може да се поврзе. Пресметлива личност и за личен интерес, но љубовта го менува поради загубата што ја доживеал што се случила поради различниот социјален статус. Овде имаме сиромашен и вреден натус кој работи напорно и упорно, вредно и полека напредува, но љубовта со девојка од друга класа, високото општество го прави горд и материјално треба брзо да напредува за да ја добие љубовта на својот живот.

Месечината на 15-та Лав во врска со владетелот на 5 поле, Сатурн во тригон со Нептун, владетелот на 7 поле, создаваат
околности за брачен живот, но Сонцето, владетелот на 5 поле, го води до 12 поле во тајност и страдање, каде што формира квадрат со Нептун 10 орбис. Сега е појасно дека Натусот доживува пад поради љубов и жена која е моќна и неговиот живот е во тајни или во прогон.

Можно е моќната жена која му го уништува животот да е мајка на неговта љубов затоа што Месечината на 15-ти Лав е во 5 поле од 7, а владетелот е 4 поле од 7-та и во врска со владетелот на 5 поле. Третата лунарна последна коњункција е со Јупитер ретрограден и е во Водолија во втора куќа.

Асцендентот е во Лав и Сонцето во 2 поле во Девица конјукција  Меркур владетел на 3 поле.Интелигентна и остроумна логична  личност која се стреми кон статус и слава во својата област. Марс  владетел на 10 поле во квадрат со асцендентот му дава потреба за брз раст кој не мора да биде по морален пат.Плутон секстил асцендент  бара моќ над материјалната вредност, додека Јупитер во аспект со  Месечината на десцедент во Водолија го води во партнерски односи  кои имаат социјален статус на моќ.Јупитер е владетел на 5 поле и  Натусот влегува во слободни врски со богати девојки.И од тука се  гледа дека Натусот сака брзо да достигне висока класа и социјален  статус преку брак. 

Што ги спои во овој живот за повторно да влезат во љубовна врска? 

Венера во Наталната Карта на Анита и наталната Месечина на мажот  се во егзактна коњункција во 7 поле. Владетелот на 7 полево машкиот  хороскоп и владетелот на 4 поле во женскиот хороскоп исто така се во 

конјункција. Женскиот Северен јазол е во конјункција со Плутон во  машката натална карта. 

Кога ќе го споредам кодот ГОД 3 на двата пртнери:

Јупитер на Горјан е владетел на 7 поле и е во аспект со Јупитер на  Анита во 12 поле.Рековме дека Анита влегува во тајна љубовна врска  која беше прикажана преку персоните на Венера и беше потврдена во  третиот ГОД, сега во спојување на двата хороскопи по трет пат се  потврдува дека партнерот кој живее во нејзината Венера е ист како  пред 3 животи каде што имале тајна љубовна врска. Асцендентот на  Горјан во 3 ГОД и во тригон со владетелот на асцендентот.

Јужниот јазол кај Горјан е во аспект со Сатурн во 7 поле, значи зборува  за 3 претходни животи. Јужниот јазол ја раскажува приказната за 2  претходни животи, додека Сатурн ја раскажува приказната за  претходниот живот, така што кога ќе ги соберам, има код за третиот  претходен живот. Тука има уште подлабока приказна за еден врска  која се одвива во други минати живот, во подлабоки спирали во  Наталната Карта,но овде нè интересира третиот претходен  живот.Јазлите се на оската 1/7, Северниот јазол во 1-вата куќа во  Јарец и Јужниот јазол во Ракот во 7-мата куќа Владетели се Сатурн и  Месечината 

Кај Анита, Јужниот јазол е во Овен во трето поле, а Северниот е во 9  поле во Вага. Оската на јазлите гради квадрат меѓу нив и тие носат  љубовна приказна низ многу животи, која може да се елаборира во  

некоја идна прилика, но сега ке се држам до 3 претходниот живот кој  јасно ни дава показатели. Владетелот на Јужниот Јазол кај Горјан,  Месечината, е во егзактна коњункција со владетелот на Северниот  Јазол кај Анита. Минатите и идните животи се поврзани преку  јазлите, кои даваат уште подлабока приказна.Владетелот на Јужниот  јазол кај Анита е во коњункција со Меркур на Горјан и е владетел на  неговата 7 поле.Сатурн, владетелот на Јужниот јазол на Горјан, е во  точен секстил со јужниот јазол на Анита.

Имаме љубовна врска која во овој живот ја има главната лекција и  шанса да ја средат нивната врска, да ги пронајдат нишките кои ги  разделувале многу животи, а следниот живот каде владетелот на  Северниот јазол е на Анита и владетелот на Јужниот јазол е на Горјан  да основаат семејство и да ја крунисаат нивната љубов во следниот  живот.Можноста да се ослободат од пречките од кармичките врски во  овој живот и од следниот живот и неколку животи во иднина, нивната  врска да прерасне во Сродна душа. Најсилната врска меѓу нив се  владетелите на јазлите кои ги држат заедно во душата и блискоста  што ја чувствуваат како едно,додека Меркур, владетелот на 7 поле на  Горјан, е во коњункција со владетелот на 4 поле на Анита, а сега во  овој живот им се дава шанса да ја поправат својата кармичка приказна  во сродната душа. Дали ќе одиграат правилно во овој живот, дали ќе  ја поминат кармата што ја носат и ќе ја претворат во заедница и  сродна душа. 

Мислам дека не, затоа што владетелот на 7 поле на Анита е во квадрат  со заедничката коњункција на Марс и Меркур.Нивните владетели од 7  поле се во квадрат и ако ги следат препораките на универзумот,или  астрологот преку нивната диспозиција можат да ги поправат  кармичките обрасци.Меркур на Анита е во аспект со Месечината на  Горјан преку диспозиција, додека Меркур на Горјан формира тригон  со Месечината на Анита. Тие се чувствуваат како брачни партнери,  дури и ако знаат само дека гордоста и избразни зборови ги разделуваат, недоразбирањата што ги носи гордоста се копии од  минатите животи и тие постапуваат на ист начин и сега, како што  запомнеле, заштитувајќи ги емоциите меѓусебно да не бидат 

повредени.И двете страни носат разочарување и изневерување, што  всушност е недоразбирање што ги одржува разделени и во овој  живот. 

Како Анита се сеќава на Горјан? 

Девицата на асцендентот и Северниот јазол на асцендентот на  степенот на пад на Венера, додека Меркур е ретрограден и во 12 поле  на 29 Лав. Вреден и пресметан човек кој бил таен и кој се повторува  многу животи, и Сонцето по диспозиција го води до пад на Нептун.Тоа  е повторен степен на нептун, кој е владетел на 7 поле во Наталната  Карта на Горјана, Меркур. Марс е владетел на 7 поле и во аспект со  Венера во 1 поле, зборува за партнерски односи, страста и е на работ  на времето што ги води Јупитер, владетелот на 7 поле, е во секстил со  асцендентот, кој е единствената понуда за можност за поврзување  преку морал и блискост и доверба на двајцата. На ова му се  придружува и Сатурн, владетел на 5 поле во 12 поле во аспект со  ретроградниот Меркур владетел на асцендентот, кој Анита се  повлекува од љубовта што ја носи поради сеќавањето на борбата,  повредата и изневерување. 

А како Горјан се сеќава на Анита?

Овен на асцендент на јужниот јазол на Анита, па го влече минатото,  додека Марс во 6 поле во Девица го води на работа поради  финансиите, како и чувството на изневерување (Марс квадрат  Нептун, владетел на вметната 12 поле) Венера во 4 поле во егзактен  аспект со Сатурн и точната опозиција со Месечината во опаѓање,  нејзиниот диспозитор. Натусот се држи до својата дисциплина и  љубов во тајност, но спротивставувањето на сопствените чувства и  потребата за создавање свое семејство се на различни позиции каде  што Натусот се чувствува во маѓепсан круг. Диспозиторот на  владетелот на асцендентот е Меркур и Венера конјукција Сатурн во 4  поле бара блискост и самодоверба од натусите, спојувајќи ги нивните  емоционални потреби и интуитивни чувства преку Меркур тригон  Јупитер. 

Кога ја споредувам персона на Венера кога Венера доаѓа по 3 пат на  владетелот на 5 поле, што е Венера во случајот на Анита, и персона на  Венера на Горјан, кога Венера поминува низ владетелот на 5 поле по 3  пат, што е повторно Венера, добивам:

Месечината на Анита на 3 Стрелец во 12 поле на врвот на 5 поле на  Горјан. Сатурн на Анита во 9 поле во аспект со Горјановата Венера во  12 поле.Ако ги следам Јазлите кај Анита тие паѓаат на оската ASC/DSC  кај Горјан.Спојот на Венера и Месечината, владетелите на северниот и  јужниот јазол, кој ја започна приказната, а овде тие ја имаат истата  улога на иста планета.Емоционално блиска врска, додека емотивните  и љубовните приказни се само дополнително напишани.Имаме таен  љубовен партнерски однос кој треба да прерасне во брачна врска во  идните животи. 

Композитниот хороскоп ќе ни каже уште поконкретни работи:

Асцендент во Бик и Венера во 8 поле во аспект со Нептун во квадрат  со оската на јазлите. Хирон на асценден квадрат Јупитер, опозиција  Сонце/Марс.Асцендентот е на степенот на егзалтација на Месечината,  па тука има блискост и семејна врска, која сепак е илузија или  тајна.Коњункцијата на Нептун и Венера во 8 поле ја дава тајноста на  врската, но и поради тоа врската е уште посилна и  

пострасна.Квадратот со оската на јазлите само го надополнуваат  проблемот кој е евидентен цело време.Јупитер во 4 поле во Лав  ретрограден на земјата исто така претставува кармичка задача која  Натусите мора да ја надминат.Моралот, гордоста и егото се делови  кои натусите ги носат во себе.Од неколку агли , се повторува  чувството на морално изневерување, гордост како и тајни и  недоверба и во секавање ги носат повеќе од 3 минати животи. 

Ако навлеземе во фиксните ѕвезди и спирали кои ги носи времето,  сигурно би излегло Матично седиште на животната приказната и  митологија на некое соѕвездие, а целата приказна ме води до  приказната за изневерување и недоразбирње преку Девица и  Икаларија, како и до делот од Андромеда. 

Нивниот заеднички код, кога нешто работи и се активира, поминува  низ 24 Девица, бидејќи асцендентот на 24 Девица се повторува  неколку пати, односно персона на Венера во третиот претходен  живот на Анита и ГОД 3 на Горјан ја имаат истата 24 Девица. 

И сега за датумот кога се создадени спомените во третиот претходен  живот на Анита, преку временските техники кои се неопходни за да  влеземе во периодите до кои не водат овие партнери ќе ни го  откријат и периодот кога се случило. 

Венера е владетел на 10-тата куќа-претставник на 3 животи назад. 

Јупитер е владетел на 3-та куќа-претставник од агол на партнерските  односи 

Три орбис ни дава можност да го следиме периодот од годината и  датумот на настанот што натусот го носи во сеќавање. 

Позициите кој Анита ги носи во секавање преку поставените планети  во Наталната Карта ке ни го дадат и датумот.

Венера-12,48,43 

Јупитер-9,16,58 

По математичка пресметка доагаме до периодот кога се случиле  настаните. 

Настаните се случиле пред 255 години. 

Датумот кој го носи секавањето и живее во Јупитер и Венера на  натусот датира од 24.09.1723 година 14h54 мин. 

Асцендентот е во Јарец, Сатурн во Стрелец во полусекстил со  асцендентот и опозиција со Марс во 5 поле.Сатурн во Стрелец дава  успешна, морална и образована личност, а во општествените кругови  важи за стабилна и вредна личност.Опозицијата на Владетелот со  Марс владар на 3 и 10 поле дава околности за кои натусот има двојна  природа.Што се однесува до Натусот, таа има детска природа,  љубопитна и разиграна личност, додека поради нејзиниот статус  мора да биде совршен набљудувач од тишина. Јавна, позната,  почитувана и вредна во очите на јавноста.Поврзувањето кое Натусот  ја носи во овој живот е потребата за идеален брачен и партнерски  однос. 

Дали ја добива?

Сонцето на 0 Вага во 8-та куќа во аспект со Плутон оди подалеку од  очекуваното. Во нејзините очи бракот е совршенство, тој брак го носи  идеалот за заедничка заедница. Јупитер е диспозитор на владетелот  на асцендентот и е на 29 Стрелец во квинкункс со Нептун на 29 Бик.  ИИИ добиваме дека Натусот била изневерувана во текот на целиот  живот низ призмата на семејството, семејната ситуација поради  некаква материјална вредност ја доведува до губење на животната  сила и најверојатно се мажи за постар маж ( ја продаваат за да се  заштитат финансискиот и социјалниот статус).Во тој маѓепсан круг  Натусот ја губи вербата во љубовта и нејзините надежи се претвораат  во илузии и копнеж за идеален живот од соништата. 

Кога ќе ја направам кармичката прогресија на Наталната Карта на  Анита за тој период, да видиме како може да се види од нејзината  Натална Карта, имаме: 

Повторно, 24 Девица.Наталната Карта преку прогресии го носи  сеќавањето на Анита за тајноста и верноста, а Меркур во 5 поле во  коњункција со Сонцето и Марс ни дава информација дека дури и  преку Наталната Карта на Анита можете да видите љубов и  необичност, слободна врска, но тајна, или може да биде дека Анита е  во врска со зафатен маж (Сонцето е владетел на 12 поле) и во врска со  Марс, владетелот на 8 поле, но и сувладр на 7 поле. Натусот во 

третиот претходен живот доживеала љубов со оженет маж, тоа била  тајна врска, но опозицијата на Сонцето и Марс со Месечината која е на  15-ти Лав, па мајката ја оспорувала врската, социјалните околности  биле посилни и мајката се спротивставувала на врската и сакала да  се ослободи од необичниот, обичен маж кој Анита го сакала.Венера е  во Јарец и носи замрзнати емоции, самотија па дури и ограничување  на врската што ја сака.Квинкус со Јупитер, Венера ги доживува како  изневерување, недоверба и неможност да постигне брачен статус со  својот избраник.Јупитер е владетел на 7 поле, додека тригонот со  Сатурн од 12 поле ја потврдува приказната дека нејзината љубов е  некој постар зафатен маж.Сатурн е владетел на 5 поле. 

Животот е проткаен во спиралата на универзумот, која ја откриваме  кат по кат со секој следен роденден, сето тоа напишано во кодовите  кои некаде ги живееме по инерција од некои минати или идни  животи. Со отворање на животите од минатото и иднината, кои се структурата на сегашноста, можеме да го промениме и минатото и  иднината во сегашноста.