Важен дел од сечиј живот претставуваат односите со луѓето околу нас. Посебно место секако заземаат партнерските односи. А доколку ги негуваме тие постојано ќе се продлабочуваат и подобруваат.

За нив, од еден малку поинаков аспект, ни објаснува астрологот и енергетскиот психолог од Алхена, Наталија Андонова.

Секоја планета во Наталниот Хороскоп е претставник на еден наш дел од некое животно поле. Секоја планета е претставник на некоја наша карактеристика, однесување, очекување, психолошки делови и начин на размислување. Но, секоја планета, претставува и некоја личност во нашиот живот.

Ништо не се случува додатно од она што го носиме во себе. Се што се случува околу нас е само рефлексија од нашата емотивна или психолошка состојба. И за да разбереме како ни функционира нашиот натален хороскоп добро е да размислиме како се однесуваме кон одредени ситуации, кон некои личности, и што е тригер на нашето однесување во некои ситуации. Тоа може да бидат пријатнo, но може да бидe и доста предизвикувачко.

Партнерот/партнерката се нашето огледало. Сè она што ние потсвесно го носиме во себе, партнерот го има во себе. Ако не прифаќаме делови во себе тогаш партнерот ќе ги носи тие карактеристики кои вам ќе ви сметаат, а се она што го прифаќате во себе партнерот ќе го има како квалитет.

Овој начин оди малку подлабоко, и често не сме спремни да се соочиме со сопствените недостатоци, полесно ни е да го обвиниме партнерот за неговите недостатоци.

Но, воочувајќи ги нештата кои ни сметаат кај партнерот, воочувајќи ги деловите во себе од кои бегаме, прифакајќи ги како наши потсвесни делови, делови кои имаат некоја причина зошто се тука, успеваме да ги ублажиме, промениме и целосно пренасочиме истите во себе. А вие станувате личност со повисока вибрација на планетата која ви ги претставува партнерските односи, осносите со другите луѓе и самодовербата и сопствените принципи имаат смисла и реализација.