Сте посакале ли некогаш да може да ѕирнете во иднината, да ги видите радостите но и премрежјата што таа ви ги носи? Верувам дека секој од нас барем еднаш се има запрашано постои ли судбина или пак ние сами си ја кроиме.

Денеска со астрологот и енергетски психолог Наталија Андонова, разговараме за астрологијата, наталната карта, планетите, енергиите, нивното влијание, и како овие сознанија да ги искористиме за да го подобриме нашиот живот.

Добрата вест е тоа што иако можеби постојат работи кои ни се предодредени, ние самите имаме огромен потенцијал да се менуваме и да привлекуваме поубави нешта.

Наталија денеска нѐ води низ коридорите на астрологијата ☺

Дали некој настан од вашиот приватен живот ве поттикна да започнете со проучување на астрологијата?

-Да, секогаш има нешто што нѐ поттикнува нас луѓето на некои дејствија во животот. Уште од мала ме интересираше небото и слушав приказни за млечниот пат, за Големата и Малата Мечка со кои таткото на мојата другарка нѐ држеше и двете мирни во зимските денови.

                                   Преданијата за Млечниот Пат будат интерес кај секого

Како што минуваше времето постојано наидував на постови за небесните тела и хороскопот. Почнав да читам, да си поставувам прашања и да барам одговори кои тогаш ми изгледаа суштински. За да си го олеснам сопствениот живот наоѓав и читав се што е поврзано со астрологија. Мислам дека две години истражував, и не постоеше интервју, објава на Youtube или на астролошките страни што не ги прочитав, трудејќи се да сфатам и научам.

Така стигнав и до Институтот за Астролошки Истражувања и Едукација Јоханес Кеплер во Белград, и секако немаше двоумење, веднаш стапив во контакт и започна мојата формална едукација.

Често слушаме дека судбината ни е запишана во ѕвездите, има ли вистина во тоа?

-Зависи на кој начин ги гледаме нештата во животот. Ако земеме во предвид дека нашето тело е 75% вода, 25% мускулна маса ќе сфатиме дека ние всушност сме составени од вода. Во астрологијата тоа значи дека се што претставува вода се емоции и сеќавања кои ги носиме во нашиот ДНК генетски код. А останатите 25% што ги имаме како мускулна маса се она со што ние работиме и функционираме. Така мислиме сите, но, не е сѐ така.

Нас нѐ водат емоциите и сеќавањата кои ги носиме во себе и често делуваме на начин како што делувале нашите предци. Ако одиме од тој агол тогаш ќе кажам ДА, судбината е запишана во ѕвездите, и со нашиот прв здив ја добиваме како запис. НО, ние со првиот здив добиваме МАПА НА ЖИВОТОТ, и можеме да одлучиме дали ќе го живееме животот по налог на предците, или свесно и самостојно ќе создадеме свој живот работејќи на својот личен раст, осознавајќи и учејќи од нашите грешки и поправајќи ги.

                                    Секогаш треба да имаме во предвид дека наталната карта има повеке нивоа.

 

Можам да кажам дека јас во мојата работа со клиентите секогаш настојувам да го извадам максимумот од нивните потенцијали, да им укажам да потсвесните делови кои ги носат во себе, на кој начин да ги променат, а и на кој начин да ги активираат сопствените потенцијали.

Од тој агол ќе кажам дека наталната карта односно мапата на животот е променлива само доколку ние сакаме да се менуваме. Таа носи неколку нивоа кои се живеат по инерција или се активираат свесно а со тоа и ние делуваме на животот а не животот на нас.

На кој начин астрологијата може да помогне да си го подобриме личниот живот?

-Астрологијата може да му помогне на поединецот да го промени животот од корен САМО АКО САКА И АКО Е СПРЕМЕН. Оној кој очекува планетите и астрологијата туку така да му го променат животот, се лаже, бидејќи се што живее во нас постои во наталната карта, и ние астролозите ги пренесуваме потенцијалите и даваме начин и можност како да се избегнат потешките периоди, но и како да се активираат супер потенцијалите кои ги носиме во себе.

Овде е потребно работа, свест, упорност и време, бидејќи во себе носиме делови кои сме ги наследиле од прадедо или чукун дедо и ние делуваме по нивна шема и обрасци, а мислиме дека тоа е наше. Затоа не може да се очекува преку ноќ со волшебно стапче да се променат нештата. Затоа реков само ако сака поединецот, само ако е спремен со свест, работа и упорност може да го промени сопствениот живот дури до 75%.

Тоа значи дека постојат циклуси кои самиот универзум (творецот, Бог), како сакате, ги дава како можност зa oдредена лична промена, ако тој поволен временски циклус се искористи може да донесе многу нештa во наша полза.

Од друга страна, при наидување на лош аспект, како што велиме ние, со совети и предлог начини на делување, акција и примена, да го доведеме животот до најдоброто нешто што Творецот или Универзумот ни го подарил.

Со тоа се менува сѐ. Наталната карта е геоцентичен хороскоп кој го добиваме, а ако ние свесно го менуваме менувајќи ја вибрацијата на планетите, добиваме хелиоцентичен хороскоп каде ние самите го водиме животот, и тогаш веќе наталната карта која сме ја добиле нема повеке целосна важност.

Може ли астрологијата да ни помогне при донесување на некои важни одлуки и како ?

-Секако дека може. Како што реков во наталната карта се сите наши потенцијали, а астрологијата е благородна гранка која постои со пишани докази повеке од 2500 години, и тие факти, информации, се пренесуваат, но и се истражува и добива нови информации во соодветност со времето во кое живееме и можеме ние кои го изучуваме ѕвезденото писмо да ги пренесеме на јазик разбирлив за секој поединец.

Така да, ако темата е финансии, наталната карта може да ни ги даде информациите од типот, како до свои финансии, на кој начин да заработиме, кои луѓе ни се потребни но и со што да се занимаваме за нашите финансии да се на ниво на кое посакуваме.

Aко темата е финансии, наталната карта може да ни даде информации од типот, како до свои финансии, на кој начин да заработиме, кои луѓе ни се потребни но и со што да се занимаваме за нашите финансии да се на ниво на кое посакуваме.

Или пак во врска со студирањето. Ќе дадам вака пример, најдобар период во кој е пожелно да се добие натална карта е кога се завршува средно училиште. Тогаш добиваме информации дали изборот на факултет е вистинскиот или пак ќе започнеме и ќе се откажеме. Можеби ќе вложиме време, ресурси а нема да работиме по својата професија. Можеби и не сме за факултет, туку ќе започнеме да работиме.

Некои луѓе стапуваат во брак. И овде доаѓаме до фамозното прашање дали мојот партнер е идеалниот партнер, или пак кој е мојот идеален партнер? Секако дека одговорот лежи во наталната карта, каков ќе биде вистинскиот партнер, каде ќе го запознаам, со што ќе се занимава, итн.

          Има период кога треба да донесеме некоја важна одлука во животот. И овде наталната карта може да помогне.

Секогаш треба да имаме во предвид дека наталната карта има повеќе нивоа.

Прво ниво делува на начин како сме наследиле од нашите предци, второ ниво делува како ние ја прифаќаме и делуваме во секојдневноста и почнуваме свесни, самостојно да ги менуваме нештата. А тоа значи дека кога ќе ги постигнеме повисоките вибрации од животната мапа планетите ја менуваат својата фрекфенција и делуваат на повисоко ниво.

Ако еден Марс во нечиј живот би преставувал професија која е поврзана со градежништво или архитектира, може на едно ниво да даде личност која ќе биде мајстор, ѕидар или пак само да меша малтер и животот ќе му се сведува на потешкотии и предизвици. Но ако истиот Марс го активираме во позитивен правец неговата вибрација ќе даде архтект кој ќе има удобност во својата професија, нема да има предизвикувачки околности со кои не може да се носи, туку ќе делува во сооднос со неговите потреби. Марс на повисока вибрација на истата личност нормално ќе и го олесни животот.

Овде веќе повлекува и подобри финансии, повеќе можности во општеството и секако полесен и поудобен живот. А зборувам за само една планета, само со промена на фрекфенцијата на една планета го менуваме животот. А ние секојдневно живееме и несвесно ги користиме 5те планети.

Значи тајната се крие во тоа да знаеме како да го активираме Марс во позитивен правец 😀😀😀 (ќе ни ја откриеш во некој следен разговор 😀😀)

Со Сонцето имаме волја и одлучност, со Месечината сме блиски и чуствителни, емоциите и љубовта се дел на Венера, и секако Марс ни е задолжен за нашите акции, натпреварувачки дух и можности. А Меркур ни е задолжен за секоја комуникација која ја извршуваме во секојдневието. Па така со користење на личната мапа на животот ние го менуваме својот живот дури до 75% на подобро.

Постојат ли некои основните принципи или техники со кои секоја индивидуа може да ја подигне својата вибрација?

Најлесната алатка која секој може да ја користи во секојдневието е дишењето. Со правилно дишење белите дробови се со доволно воздух во себе, срцето работи правилно, а со тоа и циркулацијата на крвта во мозочните клетки. Со тоа добиваме повисока вибрација или чувство на среќа. Земаме длабоко воздух и броиме до 5, потоа полека издишуваме и броиме до 3. Оваа едноставна утринска вежба се повторува 3 пати. Јас секое утро практикувам едноставна вежба и секогаш ја ставам во програмата на клиентитe.

Кога нашиот мозок има доволно кислород произведува допамин, што ни дава чувство на среќа, додека пак кога има недостиг на кислород, надбубрежните жлезди лачат кортизол или адреналински нагон наречен краток фитил. Значи, дишете длабоко и правилно. Плиткото дишење ни носи краток фитил и нејасни ситуации, стрес, а длабокото дишење ни носи среќни моменти.

Потоа, имаме интересна техника, медитација со визуелизација на желби на четврт месец.

Имаме период во месецот кој може да го искористиме во наша полза, за остварување и реализирање на нашите желби, имено 7 дена после млада месечина ( која сега ќе биде на 19ти декември, следната е на 18.01.2024). Следните 14 дена од четврт месечина се период за реализирање на нашите желби. Седум дена после млада месечина во момент на медитација визуализираме можности и моменти кои сакаме следните 14 дена да ни се случат. Секако, ја започнуваме медитацијата со длабоко дишење и ослободување простор во себе. Кога ќе завршиме со медитација запишуваме што сме помислиле, што е тоа што сме го визуализирале во време на медитација и следиме.

Седум дена после млада месечина во момент на медитација визуализираме можности и моменти кои сакаме следните 14                                                                                               дена да ни се случат.

Следните 24 часа ги следиме пораките покрај пат кој се наменети за нашата желба. Тоа може да биде песна на радио, изјава на телевизија или на социјланите мрежи, може да биде и некоја порака која некој како негова мисла ќе ви ја каже вам. Пораките покрај патот се насекаде околу нас, а наше е тие 24 часа да ги следиме. Потоа дозволуваме универзумот да си ја работи својата работа, да нѐ води по вистинскиот пат за нас до исполнување на желбата.

Слушајте ги вашите емоции и интуиција. Интуицијата е комуникација со нашето повисоко јас. Слушајќи го својот глас кој го има одговорот уште пред да го поставиме прашањето ние сме на вистинскиот пат. И кога интуицијата и емоциите се позитивни, пријатни, тогаш сте на вистинскиот пат, колку и да изгледа нереално или недостижно. Тоа е наше, тоа сме ние. Поврзувајќи ги интуицијата и емоцијата ја будиме космичката свест во нас. Тоа е повисока вибрација на нашиот живот.

Какви услуги им нудите на вашите клиенти (консултации, работилници, едукација)?

-Пред се изработка на наталната карта која како што кажав е запис добиен со нашиот прв здив и ни дава многу одговори во нашиот живот. Но, областа која најмногу ја сакам се партнерските односи. Додека пак, дипломската ми беше на тема Local Space, односно внатрешно уредување на простор според планетарното влијание. Работам со повеке теми кои Наталната Карта ги нуди.

-Годишен Хороскоп кој добива 365 дена преточени во периоди од 40 дена.

-Споредбен Хороскоп или поврзување на две натални карти на партнери (љубовен партнер, бизнис партнер)

-Кармички Хороскоп кој дава опис зошто нешто во животот се случува и како да се оддолжи и исчисти кармата.

-Елекционен Хороскоп е одредување време кое е погодно за започнување на некоја важна работа ( отворање на фирма, купување на стан или автомобил, се што се започнува прв пат)

-Релокациски Хороскоп каде добиваме информација, кој простор, (Балкан,Европа,Америка….) е најдобро за лицето за живот, професија, основање семејство…

-Детски Хорокоп. Кога работам ваква анализа не е важна само наталната карта на детето туку и на родителите. Обично се случува своите деца да не можеме да ги разбереме или пак да сакаме да помогнеме а со тоа повеќе наштетуваме несвесно. Дeтскиот хороскоп ни укажува на тоа што е потребно родителот да направи, или посочи, за да се балансира нивниот однос, на што да внимава во развојот на детето. Овој хороскоп се работи на деца од 7 до 14 год. Сите кои се повозрасни од 14 години анализата ја добиваат лично.

-Ректификација- Има луѓе кои го знат својот датум на раѓање, но не го знаат точниот час или пак имаат приближно време. Со ректификација добиваме точно време на раѓање и анализа на натална карта.

-Енергетски Баланс на чакра е метод на кој работам преку наталната карта и точно се знае од каде потекнува дисбалансот или проблемот на лицето. Како што во медицината велат направи крвна слика и добиваме терапија, така за балансирање на чакрите ја користам наталната карта како крвна слика.

-Local space е техника по која се уредува домот, внатрешниот дизајн, просторот е дизајниран по шема на наталната карта. Секоја планета минува низ просторот каде што живееме и има своја планетарна линија. Онаа планета која е лошо поставена во наталната карта ќе даде и проблем во нејзина симболика на планетарната линија кoja минува низ домот, а со тоа и на тоа животно поле. Преку техникоте на внатрешно уредување ја подобруваме фрекфенцијата на планетата, нашиот живот се подобрува на полето на кое таа планета била во дисбаланс. Техниката може да ја користиме за канцеларија, работен простор, соба или цел дом. Сега прашањето е, дали пак во домот живеат повеќе или само едно лице. Секој што живее во домот учествува во уредување и балансирање на планетарните линии.

Local space е техника по која се уредува домот, внатрешниот дизајн, просторот е дизајниран по шема на наталната карта.

-Механика на Универзумот низ Фрекфенција е eдукација каде планетарните циклуси ги користиме во подобрување на својот живот. Секој има барем една лошо поставена планета и секој има барем една супер планета. И ние преку оваа едукација работиме на подобрување и целосно менување на планетарниот ДНК код кој се носи наследен од предците. Тоа значи дека ги користиме планетите во транзитна состојба и тие со својот циклус даваат временски период на работа на себе. Точно во центарот на проблемот каде и делуваме за промена.

Пред кратко време имавме работилница која се однесуваше на Сонцето и Марс, таа со поврзани додатни 4 работилници ни дава можност да го промениме тој код доколку има дисбаланс во наталната карта. Работата на ДНК кодот на Сонце и Марс е подолг временски период. Тоа значи дека учесниците кои ја започнаа програмата ќе работат до Јануари, 2026 година на овој аспект, по добиена лична шема со енергетски вежби, начин на исхрана, медитација и фрекфенција која е наменета директно за овие планети.

Следна едукативна работилница ќе биде на 27ми Декември која ќе се однесува на Меркур и Марс. Нивниот планетарен код ќе се работи до крајот на Октомври 2025 година. Секогаш има период и можност за да ги менуваме лошите потенцијали во себе а да ги активираме добрите, а универзумот со природните циклуси ни нуди такви можности.

-Работам и со студенти кои сакаат да се едуцираат и учат астрологија. Во првата година студентите го изучуваат начинот како да ги извадат сите нешта што постојат во наталната карта. Втора година учат кога она што е претставено во наталната карта ќе се случи.

-Бидејки енергијата на универзумот е сеприсутна, во процес е програма за студенти кои сакаат да учат како да работат на енергетските центри или чакри, на кој начин да ги активираат. Оваа едукација ќе започне од септември 2024 година.

-Инаку, сега од 22ри Јануари 2024 година започнува нова група на студенти. Уписот за прва година ќе започне од 15ти декември а предавањата ќе започнат од 22ри Јануари.

Наталија, ти благодарам за тоа што се обиде исцрпно да ни доближиш барем мал дел од големиот опсег на астрологија.

 

Превземено од

Magazine Inspiratiff

inspiratiff.com/dali-sudbinata-ni-e-zapishana-vo-zvezdite/