Не, не, апсолутно немаме намера да ве исплашиме со насловот, само да ве запознаеме со уште една занимливост.

Што е астрокартографија и како може да ни биде од корист ни објаснува Наталија Андонова, енергетски психолог и астролог.😊

Астрокартографија е гранка во астрологијата која ја користиме кога треба да бираме погодно тло за својот дом, за фабрика и слично. Преку астрокартографија ги користиме планетарните линии или планетарните вибрации да откриеме каде во градот, државата, или воопшто на земјата е најдобро да изградиме дом, да купиме стан, или да отвориме фирма, односно каде бизнисот ќе расте.

Онаму каде минуваат планетарните линии низ земјата, градот, или домот, има концентрирана енергија (поволнa или неповолна).

 

Имаме многу примери каде бизнисот цвета и доаѓа момент за поголем простор и тогаш, таму бизнисот стагнира или не продолжува во иста насока.

Овде е астрокартографијата, благородна гранка која ни помага да го најдеме просторот каде ние ќе го растеме својот бизнис. Или пак ако купуваме плац за куќа или стан, во овој случај, астрокартографијата ни го покажува најпогодното место каде би можеле да создадеме пријатно катче за живеење, хармоничен брак, и свое семејство.

Онаму каде минуваат планетарните линии низ земјата, државата, градот, или домот, има концентрирана енергија (поволна
или неповолна). А уметноста на оваа гранка заедно
со Local Space техниката (внатрешно уредување на домот по лична балансирана енергија), е преку нив ние да ја активираме позитивната енергија а да ја неутрализираме негативната енергија.

Со други зборови , да го балансираме лошиот аспект кој го носиме во Наталната Карта според кој ја живееме негативната енергија чувствувајќи ја како притисок, проблем, згрченост.

Со балансирање на енергијата на планетарните линии во просторот го подобруваме и сопствениот живот во секое поле каде имало дисбаланс или проблем.