Тврдината е најубава кога има значење

Моќен ден за запознавање на своето јас, за нурнување во длабочината на нашата душа, за согледување на сопствените тајни одаи кој ги несвесно или свесно криеме и се плашиме да влезаме во своите подсвесни мисли.

Ден на Сонцето, а тоа се наога на степен во центарот на галаксијата. Моќта која денес ни ја испорачува со своите вибрации и енергијата која кај секој од нас на носиме во нашиот Соларен Плексус, два прста над папокот,каде што ни е желудникот ни нуди согледување свесно и нежно да изнесеме на површина во нашите мисли а подоцна да ги материјализираме во реалност. Доколку носиме неудобни записи во својата душа, доколку не нешто повредува и нашата подсвест ги тие нешта држи длабоко во нас, не значи дека проблемот не постои, и те како постои само што се манифестира на се околу нас во околни ситуации или луге кој имаат сличен проблем а ние тоа неможеме да го согледаме. Денес Сатурн кој е представник на времето и кармата, која секако е задолжен да ги нашите стравови држи во нас се наога на степен каде е Нептун егзалтиран, моќен степен каде нашата подсвест повикува да време е да влеземе во нашата пандорина кутија и сите нешта што не плашат, што ги држиме како тежина или се случки од некои трауми кој не сакаме ни да помислиме. Денес па до 21 кога имаме зимски солстициј каде Сонцето е најслабо и се ќе ни изгледа невозможно. До 21 Декември имаме денови на чистење на телото,на душата. Чистиме се што во нас ни прави некакви блокади и не попречува во нашиот развој кој би можел да не однесе во поинаков начин на живот, НО несвсно се плашиме да се ослободиме од сите блокади кој ги носиме.

Нашата душа ја представува Месечината а таа денес се наога на степен каде Сатурн е егзалтиран. И таа ни нуди подршка и можност да се изцелиме самостојно,да делуваме свесно на нашиот живот и 2023 година која ке биде година на премин од еден свет, живот во друг, кога веќе од 2025 година нема ништо да биде исто нема да имаме ваков моќен период кој ни пружа подршка да се будиме и свесно делуваме. Секој од нас има енергија во себе, нервни и енергетски вртлози во нас кои ги нарекуваме чакри и од таму и нашата енергија кружи и ни помага во се што се случува во нас,околу нас и со нас.

Нашиот живот е само наш а ние сме пилотите кој го управуваме свесно или несвесно. Свесно го водиме нашиот живот подалеку од олуите а несвесно автопилотот не води по рутата која е потребна за одредена дестинација која ја нарекуваме судбина. Уран кој е задолжен за промените и космичката свест е денес на кралски степен и гласно повикува да се ослободиме од се што ни представува стрес и болка, секоја блокада во нас да ја одпуштиме и се препуштиме во удобноста која нашата природа е создадена

ДА САКАМЕ, ДА СО ЗАДОВОЛСТВО СТВАРАМЕ И СО УДОБНОСТ И ХАРМОНИЈА ГО ЖИВЕЕМЕ СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ.

Е сега лесно е да се каже но најтешко е да се соочиме со сопствените демони. Намерата и енергијата која ја носиме во себе се првите главни нешта кој ќе не ослободат од нашите внатрешни тегоби. Медитација, молитва или вибрацијата на нашето тело кое има заштитен слој околу нас и го нарекуваме АУРА ги приспособиме на мир и во просторијата каде ритуално ќе се ослободиме од нашите стравови направиме пријатна топла атмосвера, и свесно разговараме сами со себе. Се што не кочи,се што чувствуваме дека ни носи некаква болка го изнесеме. Со дланките на срце во став за молитва се обратиме до нашиот бог, универзум светец и дозволиме да изнесеме се од нас. При тоа пратиме како нашето тело делува на секоја случка кога ја изговараме. Нашето тело е сензор посебно желудникот,стомакот и стопалата. Ќе обратиме внимание на деловите од телото што се случува и секоја промена во телото ќе ни биде одговор од универзумот за отворање и ослободување.

Да си дозволиме себеси во новата 2023 година влеземе емотивно чисти, духовни лесни и телесно храбри и моќни.

Ако не му е јасно како баш би функционирало може да ме контактира.