Секоја планета со својата поставка во зодијакот представува еден дел од нас,еден дел од околностите кој ги доживуваме во секојдневието и еден дел од личностите околу нас.Тој сихроницитет на тројство во нашиот живот важи за природен закон на универзумот.Како ние да го искористиме секој аспект и поставена планета во наша полза.Венера и Марс се во опозиција и бидејки Венера представува женски принцип а Марс машки пинцип,љубовници,но и воини ако се вратиме на првобитната симболика на Венера и изгонот во Овен каде таа е војник,или лице во униформа кој работи за законот.

Имаме Сонце,Венера и Меркур во Стрелец кој се во стелиум и секој што има поврзаност на нив и аспект со Јупитер ке има позитивни случувања или акција која треба да дејствуваме смирено месецот.

Но да се вратиме на вистинската симболика и дејствување индивидуално на секој.Таму каде што е Јупитер во Наталната Карта и е поврзан со Сонце,Венера,Меркур како и други аспекти и се наога во некое поле,таму на тој начин и на таа област во животот ке делува аспектот на Венера и Марс.Индивидуално за секого различно,или слично.Исто моментално во Риба кој е владар Јупитер имаме Месечина,Нептун и Јупитер.Сите планети се под владение на Јупитер.Значи: Сонце,Венера,Меркур,Месечината поврзани во Наталната Карта со Јупитер поволен или предизвикувачки аспект.На тие индивидуи ке делува поставката на Венера и Марс.

Да не се залажуваме секогаш дека кога ке има некаков аспект на некои планети дека ке делува на сите.

НЕ.Неможе да делува бидејки треба активираност од повисоките слоеви,(тоест активирање прво во прогресии и дирекции)па тогаш да очекуваме активирање на ниво на секојдневие или период.

Секогаш можеме да се ослониме на поственоста на Месечината бидејки таа се движи два и пол дена во еден знак.И таму каде ја води нејзиниот диспозитор во Наталната Карта така и ке се чувствуваме во секојдневето.

Пример:Месечината сега се наога во Риба и нејзин диспозитор се Јупитер и Нептун.Онаму каде што се наогаат Нептун и Јупитер во нашата Натална Карта и какви аспекти прават така и ке ги поминеме деновите во кој Месечината се движи во Риба.На 2 Декември Месечината ке премине во Овен и тогаш ке ни биде важен Марс каде го води во нашата Натална Карта и какви аспекти прави.И така се по ред низ сите зодијачки знаци Месечината ни ги трасира секојдневните расположенија и доживувања.А аспектите кој ги има во Наталната Карта Месечината кога ке се случат во транзитот (секојдневното движење)тогаш и ке ги почувствуваме нејзините дејствија.Без тоа е период кој се провлекува од погорните слоеви каде деригираат хронократорите во циклусните движења.