Марс е борбена планета со натпреварувачки дух,воин и неговата потреба е секогаш да оди напред,секогаш нешто брза и бара да докаже,но сега поага ретроградно во Близнаци.
Во Близнаци Марс бил ретрограден есента 2007 до пролетта 2008,па 1975 година,па 1958 година.Но секогаш поагал ретрограден од Рак а ретроградноста ја завршувал во Близнаци.Сега 2022,на 30 Октомври поага ретрограден од 25 степени Близнаци и до 8 степени Близнаци ке се движи ретро.Значи од 30 Октомври до 12 Јануари ке биде ретрограден.А потоа ке ја минува последната 5 фаза каде на 16 Март ке излезе целосно од ретроградната фаза.
Што може да не насочи Марс во ваква фаза?Што ни порачува и на што да внимаваме а на што да се посветиме?Прво полицијата ке ја гледаме повеке на раскрсници и покрај основни училишта,на споредни патишта кој поврзуваат едно населено место со друго,армијата ке доживее некаква промена.Може да се случи и комуникацијата во секаков облик да има промена која нема да ни годи.Пошта,карго транспорт итд ке добие некој нов пионирски подвиг кој ке продолжи во иднина.Автомобилите ке се, се повеке на електрична енергија и ке се менува.Првично можеби се ова нема да ни биде видливо во следните неколку месеци но носи тенденција да следните 15 години(2037) кога Марс повторно ке биде ретрограден во Близнаци биде нормален начин на движење и комуникација. Можеме да очекуваме и вооружени напади на соседните земји,млади лица да бидат активирани во армија која ке биде како помош на соседните земји.Бидејки Марс незнае да забави и да оди наназад како што сега се наога и добива симболика на тајновитост,мистериозност,може да се случи и да некаде во соседните земји се спрема некое тајно оружје кое ке се користи како технологија и детектирање на одредени цели но сето тоа ке биде наизглед невидливо.
Армијата и начинот на нејзино делување ке добие друг облик но и друг начин на спроведување на нивните акции.
За секој од нас различно ке делува но дефинитивно ке ни донесе случувања кој ке имаат ефект и следните 15 години.
Од 2020 до 2026 година се години на големи промени како на лично ниво така и на глобално(мундано) и сме сведоци на промени кој ке се случуваат и делуваат и повеке од 100 години после нас.ОД НАС ЗАВИСИ како ке го искористиме периодот во кој живееме и направиме светот,но и нашиот живот биде добро место за живеење.
На секого каде шо му се наогаат Близнаци како знак,но и со кои полиња владее Марс,таму ке му се случува промената во личнот живот.
Доколку Близнаци се наогаат на асцедент тогаш самостојно околностите ке го натераат секој да се менува и прилагодува зависно од потребата на околината.
Доколку Близнаци се во 2 поле промените ке се чувствуваат на материјално ниво,финансии добивки/загуби,се што го доживувал и гледал како материјална вредност ке го гледа како терет или како кочница за натаму во животот.Некому можеби ако има добра поставка животот ке го дарува со финансии кој ке се повеке од доволни за него.
Близнаци во трето поле ке даде промена на начинот на размислување,но и сериозноста и одговорноста ке се на знак прашање бидејки ке сака се но ке греши.
Близнаци во 4 поле може да даде преселба доколку носи тенденција во својата Натална Карта и следните 5 месеци ке се створат услови за преселба на подобро и поудобно место.
Петто поле ке не дарува со промена на се што сме мислеле дека сакаме и посакуваме,се ке добие друг облик.
Близнаци во шестто поле ке даде да работата е на прво место и најмрзеливата личност ке има нагон за работа и докажување.Ке имаат и доста промени и реновирање,градење на нешто што уште како дете го замислувале како идеја и останала до сега фантазија.
Седмо поле со Близнаци доколку имаат добра поврзаност со Меркур ке донесе нов начин на комуникација со партнерот и колку и да била предходно комуникацијата тешка,безнадежна сега ке почне да се менува и партнерот ке почне да ги согледува нештата кој го рушат партнерскиот однос и ке работи на нивно подобрување.
Осмо поле со Близнаци ке даде инвестиции во дупли работи,хартии од вредност,се што е поврзано со топлотни тела,а се на берза,на продажба ке можат да профитираат од истите.Ако лицето со Близнаци во 8 поле има лоша поврзаност со Меркур може да донесе и операција на крајници,проблем со дишни патишта но и повреди на градна клучна коска,ребра….
Со Близнаци во деветто поле најдобра варијанта е периодот до Март го минат во странство,каде ке повлечат пријатни нешта во животот.
Близнаци во 10 поле ке им донесе промена на кариера и статус.Ке посакаат да ја менуваат професијата,да работат додатна работа која ке им донесе профит плус,но и ке се менува нивниот начин на комуникација со предпоставените или авторитети.
Единаесетто поле во Близнаци е поле на надеж и желби кој можат да ги започнат следните месеци и времето ке работи за нив,ке напредуваат и ке имаат неочекувана срека во започнатата работа која ја активираат следните месеци.
Близнаци во 12 поле е потребно да мируваат и планираат што им носи животот,во кои ситуации и околности се наогале изминатите месеци (Септември и Октомври) и да направат план и стратегија која ке ја започнат после 17 Март.Дотогаш што и да започнат а не било испланирано правилно само ке си наштетат себеси но и на одредени лица околу нив.