Овен е огнен кардинален знак а Вага е воздушен кардинален знак и заедно со Јарец и Рак се главните двигатели во зодијакот.

Овен е прв знак и на едно ниво предствавува нов почеток,нас како личност,а Вага е другите спроти нас која е задолжена за партнерски односи,праведност,хармонија и дипломатија.Сонцето во Вага а Месечината во Овен.А мапата која ја одсликува лунацијата зборува преку Рак и Јарец.Вечерва 09.10 во 22 часот и 55мин имаме Полна Месечина.Добиваме кардиналност,акција,потреба за успех но и активност поврзана со односи,со своето јас,поврзување со своите корени но и прифакање на старите нешта кои сме ги длабоко во себе вкорениле и ги носиме како наша навика и секојдневие.А мислиме дека нештата се од различен карактер и времето е тоа кое ни носи некои неудобни ситуации.Да времето има свој ритам и циклус,но ние сме тие кој живееме во тој процеп наречен време,и освен колективните обрасци кој ги носиме и сите се трудиме наизглед да ги промениме,сите се грчевито држиме до добро познатото,а малкумина се осмелуваат да излезат од колективниот образец кој го носиме со генерации и влезат во непознато.

Потребата на оваа лунација е да научиме да балансираме,да започнеме нови нешта(зависно каде во зодијакот се наога на секој поединец,така и ке делува),но секој поединец треба да почне да менува работи кој ги чувствува како кочници,а обвинува или пак мисли дека некој или нешто е пречка за негова реализација.

Плутон после 5 месеци појде директно,и единствена лунација која ке се случи последна додека е Плутон во Јарец е на 1 Август за да следните 260 години не се повтори ваква лунација,бидејки Плутон се сели во Водолија,а Сатурн исто следните 14 дена и тој ке појде директно.Значи сведоци сме на многу промени во човештвото кое носи многу промени и нема веке никогаш да се повтори ниту пак врати нешто слично како 2022год.

Што е потребата на оваа лунација и кои информации ни ги пренесува.

Да влеземе во сопствените одаи на душата и подсвестта,да се ослободиме од сите стеги и притисоци кои ни ги носи колективното,да го прифатиме минатото,но и да не се слепо и цврсто држиме за веке поминатото.Да чекориме напред во заедништво,да се балансира јанг и јин енергијата,да почнеме со праведност прво од себеси и со вистина се однесуваме кон себеси а потоа и кон другите.Манипулаторските нишани кој секоја трета личност ја носи а се гордее со тоа толкувајки го тоа како сила и јака личност,всушност во даден период кога Плутон ке почне да делува од Водолија ке наплати на секој без разлика на пол,возраст,сталеж.

Имаме 16 дена до Млада Месечина(СОЛАРНА ЕКЛИПСА)а помегу Млада Месечина и Полна Месечина обично минува 14 дена.Сега и времето ни дава време два дена плус за наша промена,за наше добро.Времето работи за нас,да го прифатиме со наша промена на добро и со добро.