Плутон е господар на подземјето во митологијата,а Меркур(Хермес) е единствената личност што можела да влегува во царството на Плутон и да се врати бидејки ги носел душите на Плутон.При таков аспект ми дојде клиент кој бараше да ја знае причината и потребата за неговото постоење.Сакаше да ја знае неговата мисија во овој живот и зошто се некои работи случуваат.Не е честа потребата да некои бара Натална Карта од аспект на Предходни животи,но за мене беше предизвик кои со моменталната поставка на небото универзумот сакаше нешто да каже и да пренесе некаква порака.
Клиентот имаше една единствена мисија да се пронајде себеси и разбере која била во предходниот живот,но и зошто се случуваат некои работи,и доби одговор но и јасно свакање што треба таа да промени и како да делува.
Имено нејзината Натална Карта носеше приказна дека нејзиниот прадедо по баба од мајчина страна во неговиот дом кој го користел и живеал со својата фамилија,имал посебна соба која како и клиентот кажа од приказните кој нејзината баба и мајка и ги кажувале(таа соба се користела само за гости) но под креветот кој бил единственото нешто во собата имало отвор кој водел до скривница која се протегала под целата кука.Во таа скривница за време на втората светска војна се криеле партизани,доагале да одморат,ранети партизани каде нејзиниот дедо ги лекувал и се грижел за нив додека добијат сила да продолжат.Но и покрај се ова што на прва ми звучеше и мене како добро дело ,нејзината карта покажуваше манипулаторство и искористување на јаки но во немок личности.Всушност нејзиниот прадедо наплакал на сите кои влегувале во неговата скривница и за престојот,лекувањето и храната која ја добивале.Со тоа нејзиниот прадедо направил карма која ја носат сите машки лица во фамилијата.Нејзиниот прадедо како што кажа клиентот имал 6 керки и посвоил син.Пак се покажува дел каде нејзиниот прадедо на некој начин бил сепак великодушен,но гревот со болни лица,повредени и лица кои е потребна човечка помош тој ги користел таквите моменти и заработувал на туга мака.
И за да биде се како универзумот запаметил сите нејзини баби кои имале свои деца,имале само по 1 син.Тој единствен син кај сите никогаш немал мирен живот или топол дом.Или починале во младоста,или се вечни ергени или се вдовци кој остануваат да се мачат,а притоа здобиенотот богатство кое ги имале го трошеле повеке за лекување на некои болести кој само машките од фамилијата ја имале.Било кој дел од измачување ги следел и сега како негови правнуци кои клиентот кажа дека се случува и сега,неоженети вујковци(од сите нејзини тетки)синовите или немаат своја фамилија или починале млади,братучед кој длабоко е во 40тата,загубено дете,итд,итд.
Кармичкиот долг кој мојот клиент чувствуваше дека постои и го слушна но и го потврди со разговори од нејзината баба и мајка беше потреба да оваа генерација која сега живеат треба да направат некое добро дело и да помогнат некому кого е потребна помош без при тоа да бараат надокнада.На тој начин ке го исчистат долгот од нејзиниот прадедо кој на лица кој се бореле за својата земја и жртвувале дел од своите животи прадедото направил мало-големо богатсво.
НАРАВОУЧЕНИЕ:
Секоја направена акција која свесно ја правиме е долг кој го оставаме на нашите мили но и на нашите поколенија.
ОД НАС ЗАВИСИ што ке оставиме,а овој аспект на Меркур и Плутон е доказ дека било потребно да се излезе од одаите на Плутон и се свесно влезе во Меркуровиот дел каде со делување ке се ослободи и промени карма носена четири генерации.