Патешестието на Меркур низ праведната и дипломатична Вага го завршуваме и продолжува во мистичниот Шкорпион.Од 29.10 до 17.11 ке се движи низ Шкорпион.Прв аспект ке му биде со Сонцето кое ке биде во Лунација со Месечината и опозиција со Уран.Можеме да очекуваме бомбастични вести,промени кој нагло ке делуваат и ке бара спротивностите да се спојат.Да нештата кој ни изгледаат како навидум нелогични или неостварливи како молња ке делуваат и ке се случуваат околу нас.Некој кој е бил на работ на некоја казна неочекувано и нејасно ке се извлече,вести кој ке доагаат од подземјето каде јавноста многу малку знаела за случувањата кој не засегаат сите нас.
Младите ке имаат потреба за некое докажување или пак ке влезат во темниот дел од својот живот каде ке се случуваат непријатни нешта.Бидејки и Марс кој е продолжена рака на Меркур сега ке појде ретрограден пожелно е да се припазува до 17 Ноември со вербална комуникација,патувања кои се близу кањони,долини со одрони на патиштата,лизгави делови,тесни улици или неосветлени делови од зафрлени места.Можна е и експлозија во некоја фабрика каде се произведуваат течни губрива,но и гас,нафта и експлозивни средства.Покотници или користење на оружје посебно на темни делови од местоположба но и каде се младите собираат. Поплави во низини кои имаат ниска геогравска положба.
Додека Меркур ке биде во Шкорпион ке имаме многу мокни промени на небото:Лунација (Лунарна Еклипса),опозиција со Уран,инкоњункција со Марс,но и тригон со Нептун и Јупитер,кој како и секогаш ке донесе светло на крајот на тунелот.Јупитер како бенефична планета ке го дарува Меркур пред неговото патување во неговиот знак Стрелец со целото негово знаење и мудрост кој ке му бидат потребни додека ке се движи низ Стрелец.
Инаку Меркур носи записи во себе од случувањата од крајот на Септември и крајот на Ноември ке почне да ги реализира.