Венера е создадена од Уран.Митолоски Уран е татко на Венера па некаде во својот код таа носи слобода,независност,задоволство и уживање.Уран се наога во Бик каде е во пад и во знак каде Венера е домакинка.Таа е практично и негова продолжена рака во овој транзит а сега се во позитивен аспект и може да донесат нагли случувања кои молскавично и без најава ке ви донесе некој прилив на финансии или изобилство кое ке ви дојде како кец на десетка.Изобилство секогаш не е финансии,зависно како вие го доживувате вашето изобилство.За некого изобилство е љубов и нежност,за некој изобилство значи голема фамилија,за некој е стабилна финансиска и материјална состојба.Секој е во свој уноверзум и свои потреби.
Венера е во Девица каде е и таа во пад и не се чувствува удобно туку како да е невина ставена во затвор и тоа во самица.Ноо…Меркур е нејзина продолжена рака и ја води во седиште и тоа е ретрограден.Па доколку поврземе се заедно ке добиеме здоцнети долгови,заборавени сметки кој доагаат за наплата оваа недела,долг кој сме го заборавиле,но и доколку нам ни должи некој ке се одлучи да ни го врати.Ке има и такви кој имаат ваков код во својата Натална Карта па може да добијат на игри на срека.
Ке се појавуваат и краткотрајни врски страсни и за една нок.Но ке се појават и бивши љубови кој на некој начин ке контактираат со вас.Но и тој контакт ке трае колку и ретрограден Меркур.Од средината на Октомври ке се изгуби како што и одеднаш се појавил.
Инаку ветерот ке ни е цела недела и временската состојба ке ни доведе есенски амбиент.Од 23 Септември и календарски ни започнува есента.
Кардиналните знаци во Астрологијата ја одсликуваат сезоната на Пролет(Овен),Лето(Рак),Есен(Вага),Зима(Јарец)